Осомничен член на палестинското милитантно движење Хамас е уапсен на аеродромот Берлин Бранденбург по неговото пристигнување од Либан под сомнение дека набавувал муниција за напади врз израелски цели, објави обвинителството во Карлсруе.
Уапсениот маж (36) е осомничен дека набавувал боева муниција за напади врз израелски или еврејски институции во Германија и Европа, објави обвинителството, објави денес „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Мажот е уапсен на аеродромот Берлин Бранденбург преку ноќ од страна на членови на Федералната криминалистичка полиција (БКА) и федералната полиција, по неговото пристигнување од Бејрут, а федералните обвинители го обвинуваат дека е член на Хамас и дека е дел од тим на таканаречени странски оперативци.
Истражителите веруваат дека мажот, кој е роден во Либан, набавил околу 300 куршуми боева муниција за Хамас. Тој треба да се појави пред истражен судија во Федералниот суд на правдата во Карлсруе подоцна денес, кој ќе одлучи за неговото притворање.












