Либанските власти го ослободија денеска Ханибал Гадафин, син на покојниот лидер на Либија Муамер Гадафи, откако платил кауција од 900.000 долари, пренесе „Бета“.
Ханибал Гадафи беше притворен во Либан 10 години, бидејќи наводно одбивал да даде информации за исчезнат либански свештеник, соопшти неговиот правен тим.
Ослободувањето се случи неколку дена откако либанските власти му ја укинаа забраната за патување на Гадафи и му ја намалија кауцијата.
Судот првобитно бараше за кауција да се платат 11 милиони долари, но минатиот четврток кауцијата беше намалена на 900.000 долари.
ИЗДВОЕНИ

Шар Планина се извишува, синоќешниот земјотрес – ништо страшно, смирува професорот Милевски

АМСМ: Кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода

Министрите Сали и Филков во клинч, премиерот Мицкоски смирува со законско решение

Ќе се „чешлаат“ сите фирми што произведуваат марихуана, премиерот очекува 100 тони заплена!








