Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информираше дека се поставени забавувачи на брзината на улицата „Радушка“, а во наредниот период дополнително црните точки ќе бидат покриени со системот на камери на МВР.
– Изградивме 1.200 метри метри нов коловоз, нова фекална и атмосферска канализација, осветлување и пешачки патеки на улицата „Радушка“. Продолжуваме на повеќе локации за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот – нагласи Стојкоски.