Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ одлучија минималната плата да изнесува 500 евра. На седницата на Собранието, тие не го поддржаа предлог-законот поднесен од Левица, кој произлезе директно од барањата на синдикатите и илјадниците работници што секојдневно се борат за опстанок.
Поради ваквата одлука, пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, остро реагираше, истакнувајќи дека работничките права се под континуиран напад, а власта не прави ништо за да го спречи економскиот и социјалниот пад.
- Во услови на десничарска влада имаме рекордно ниво на борба против синдикалното организирање и работничките права. Владата нема прогресивна визија, туку продолжува да продуцира регрес и беда, порача Мециновиќ.
- Додека трошоците за живот енормно растат, а голем број семејства живеат на прагот на сиромаштијата, владините функционери продолжуваат да зборуваат за „економски раст“ и „реформи“. Но реалноста зборува друго, минималната плата останува мизерна, додека животот станува луксуз.