Актуелен пратеник во македонскиот парламнет Амар Мециновиќ ќе биде кандидат на опозициската патрија Левица за скопски градоначалник. Ова на денешната прес конференција го објави партискиот лидер Димитар Апасиев кој рече дека тоа ќе биде и обид да се анимираат младите да излезат на изборите.
-Инаку, Левица на овие трети по ред локални избори ќе настапи со рекорден број на кандидати. На минатите избори имавме само осум кандидати а годинава ќе одиме со преку 20. Претходно имавме 38 советнички листи а оваа година ќе одиме со 62, што покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема партија – нагласи Апасиев.
Пред да стане пратеник во макеоднското Собрание Мециновиќ три години беше советник во Советот на Градот Скопје. Тој рече дека има три клучни приоритети.
-Ние ќе ги актуелизираме работите кои никој нема храброст и интерес да ги актуелизира. Советот на Скопје е најдисфункционален Совет во историјата на Градот Скопје. Нашиот клучен приоритет и агенда која ќе ја нудиме ќе биде подобрување на јавниот превоз преку набавка на нови автобуси. Веќе во 2022 година предупредувавме дека се движиме кон социјална катастрофа и дека е потребно возобновување на превозот со набавка на нови автобуси. Потребна е и оптиматизација на линиите, а и нови методи на јавниот транспорт. Второ, ќе се осврнеме на хуманизација на урбанизацијата и подобрување на градската чистота во рамките на темата за ГУП-от кој треба да биде донесен во Советот на Скопје. И најпосле, борба со загадениот воздух – потенцира Мециновиќ.
Носителка на советничката листа на Левица за Град Скопје ќе биде Катерина Јовановска, адвокатка од Скопје.
(Б.Ѓ.)