
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека агентот на полскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роберт Левандовски, бил контактиран од челниците на калчолигашот Милан. Искусниот напаѓач има договор со актуелниот шампион на Шпанија до крајот на актуелната сезона и затоа раководните лица на Милан сакаат да го донесат на „Сан Сиро“ без никакво обештетување.