
Медиумите кои важат за блиски до каталонскиот гигант Барселона се убедени дека полскиот интернационалец, Роберт Левандовски, ќе побара да биде продаден на крајот од актуелната сезона доколку клубот реши да ангажира нов, помлад напаѓач. Левандовски е во финишот од својата успешна кариера и нема да биде никакво изненадување доколку Барса купи нов напаѓач за време на летниот преоден рок.