
Полскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роберт Левандовски, откри дека во следните неколку недели ќе донесе конечна одлука за неговиот следен чекор во фудбалската кариера. Искусниот напаѓач има договор со актуелниот шампион на Шпанија до крајот на актуелната сезона, а се погласни и погласни се шпекулациите дека Барса нема да му понуди продолжување на соработката.











