
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се вклучи во трката по потписот на полскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роберт Левандовски. Искусниот напаѓач има договор со актуелниот шампион на Шпанија до крајот на актуелната сезона, но се погласни се шпекулациите дека Барселона не планира да му понуди продолжување на соработката.











