Полскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роберт Левандовски, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Искусниот напаѓач за шпанските медиуми изјави дека неговата иднина е на „Ноу Камп“, дека не планира никаква промена на средината и додаде дека Барса во новата сезона ќе има уште посилен тим со кој ќе освојува нови трофеии.