
Роберт Левандовски е прв напаѓач на Барселона веќе неколку сезони, но јасно е дека Полјакот е на крајот од својата кариера, поради што Каталонците размислуваат за нов напаѓач.
Полскиот напаѓач има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, кој речиси сигурно нема да биде продолжен. Барса има опција да го задржи Левадовски уште една година, но се чини дека ништо нема да произлезе од тоа.
Целта на Барса е да доведе нов напаѓач кој ќе продолжи таму каде што застана Лева минатата сезона. Падот на формата на Полјакот е очигледен, а Барселона не сака тој да биде прва опција во нападот во новата сезона.
Неколку имиња се поврзуваат со каталонскиот тим, а најчесто се споменува Хулијан Алварез. Аргентинецот игра брилијантно за Атлетико (М), но на Барселона ќе ѝ бидат потребни повеќе од 100 мил. евра за да го доведе.
Познато е дека парите се голем проблем за Барселона веќе неколку години, а финансиите сè уште не се решени за клубот да потроши толку многу пари само за едно засилување.
Сепак, Лапорта го пронајде идеалното решение кога е во прашање нападот, а името што се појави ги воодушеви и навивачите на Барселона.
Станува збор за Хари Кејн, кој игра брилијантно за Баерн (М). Сепак, веќе се шпекулира за неговото заминување од Минхен, бидејќи Кејн наводно сака нов предизвик во својата кариера, а би му било тешко да одбие покана од Барселона, исто како што направи Левандовски пред неколку сезони.
Сепак, главната причина зошто Кејн е прв избор на Барселона, покрај тоа што е меѓу најдобрите напаѓачи во светот, е фактот дека тој ќе има откупна клаузула од 65 мил. евра следното лето.
Договорот меѓу Баерн и Кејн вклучува клаузула дека Англичанецот има право да го напушти Минхен доколку се достави понуда од 65 милиони евра што нему му се допаѓа, без клубот да мора да преговара за цената со Баварците.
Барселона е многу заинтересирана за Кејн бидејќи го гледа како идеално решение во нападот, а Ханси Флик исто така го „одобрил“ ова.
Англичанецот игра навистина добро оваа сезона, постигнувајќи 25 гола за Баерн (М) на 20 натпревари досега. Тој пристигна во Минхен во летото 2023 година од Тотенхем за речиси 100 милиони евра.











