По краток период на заладување, топлиот бран се враќа во Македонија, па така во петок нè очекуваат температури до 38 степени, а почетокот на септември носи сончево и топло време.
Српскиот метеорологот Иван Ристиќ смета дека влијанието на ураганот Ерин, од Атлантикот ќе се насочи кон Европа и Балканот и ќе донесе топол африкански воздух па во четврток, петок и сабота, температурите ќе се искачат до 39 степени.
Во текот на оваа работна недела во Македонија времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и потопло. Повремено ќе има појава на умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.
До утре, вторник (26 август) температурите преку ден ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 28 до 29 степени.
Од среда (27 август), па во деновите потоа под влијание на топол бран од Африка, температурите ќе бележат тенденција на поголем пораст и максималните дневни температури во поголем дел од Македонија ќе надминуваа 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие локално ќе надминат и 35 степени.
Во Скопје и околината од среда (27 август) па во деновите потоа температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.