Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо, со температури до 32 степени. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 17, а максималната од 26 до 34 Целзиусови степени.