Летонец е уапсен поради шпионажа за руска воена разузнавачка служба

28

Летонски државјанин е уапсен денес под обвинение за шпионажа, поради наводно собирање податоци за одбранбениот сектор на Летонија за руската воена разузнавачка служба ГРУ, пренесе „Бета“.

Летонската служба за државна безбедност соопшти дека осомничениот добил и проследил детали за НАТО силите распоредени во Летонија, како и информации за приватна инфраструктура за авијација.

Осомничениот е приведен минатиот месец во рација на два објекта во врска со случајот.

Летонската разузнавачка служба и повеќе европски агенции истражуваат поширока кампања за наводна саботажа и хибридна војна на Русија со европските сојузници на Украина.

Кампањата опфаќаше повеќе подметнати пожари низ Европа, како и кибер напад и шпионажа.

Балтичките земји и остатокот од Европа се во состојба на висока подготвеност по бројните упади на борбени авиони и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО во текот на септември.

Некои европски функционери сметаат дека со тие инциденти Русија ја тестира реакцијата на НАТО, што го отвори прашањето колку е тој сојуз подготвен да одговори на заканите од страна Русија.

ИЗДВОЕНИ