Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, од утре (5 септември петок) и за време на викендот времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Наутро ќе биде посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени.
Во Скопје и околината од утре (петок 5 септември) како и за време на викендот времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро ќе биде посвежо со минимална температура која ќе се спушта во интервалот помеѓу 13 и 15 степени. Максималната дневна температура на воздухот пак ќе се искачува до околу 32 степени.
Уживајте во летните температури и во сонцето овој викенд.