Тешкиот пораз од Монако беше осми последователен пораз на тимот на Баерн Минхен во Евролигата, па оттука и очекуваната одлука на раководството да ја прекине соработката со тренерот Гордон Херберт кој ја предводеше германската репрезентација до светската титула.
Сепак, ситуацијата во Баерн не беше ни приближно толку среќна за Херберт како во репрезентацијата, па Канаѓанецот го напушти клубот само неколку месеци откако го презеде тимот.
Гордон е уште еден во низата тренери кои ја прекинаа соработката со тимовите од Евролигата оваа сезона пред средината на сезоната, по Месина, Обрадовиќ, Пењароја, Кокошков…











