Нам во Македонија уште ни е во добро сеќавање нејзиниот голем концерт, кој омилената пејачка го одржа ова лето кај нас во Охрид, пред преполн стадион на „Билјанини извори“. Притоа Лепа Брена, по охридскиот настап, остана да се забавува на Свети Наум, при што за своето друштво испеа куп македонски народни песни кои многу ги сака!
(Дуле МИЌИЌ-фото:архива)
– Сите ние сакаме да изгледаме убаво и секси, а тоа е нормално. Најважно е, пред сè, да сме здрави, а кога сме здрави, убавината доаѓа самата по себе, најпрво се гледа тоа од очите, од длабочина на душата, вака вели мегапопуларната Лепа Брена за годините кои, според неа, се само обична бројка. Нам во Македонија уште ни е во добро сеќавање нејзиниот голем концерт, кој омилената пејачка го одржа ова лето кај нас во Охрид, пред преполн стадион на „Билјанини извори“.
Пејачката токму вчера го прослави 65. роденден. Една е од ретките која не ги крие годините, со нив се гордее. – Не се срамам што полека, но сигурно стареам. Па, тоа е нормален природен процес. Сите се раѓаме, живееме, се радуваме и, најпосле, умираме. Поодамна сум помирена со тоа. Среќна сум што живеам среќно гледајќи ги синовите, кои израснаа во убави, здрави и воспитани момчиња, раскажа Лепа Брена додека наздравуваше во својата луксузна куќа во Белград со семејството и со сопругот, бившиот тенисер, Бобан Живојиновиќ. Иако сите очекуваа дека пејачката ќе слави на некоја скапоцена јахта, тоа не го направи. Остана скромна, па славењето се случи дома, во Белград, покрај големата роденденска торта, која домашните ја украсија со нејзиниот лик и дискотопки, кои се симбол на нејзината блескава кариера. Лепа Брена самата си посака се што може да се посака, а најискрено да има многу здравје. Познато е дека пејачката честопати е со здравствените проблеми, поради што најчесто не практикува пред и по концерти да другарува со многу народ, туку си заминува на спиење. По охридскиот настап направи исклучок, па остана да се забавува на Свети Наум, при што за своето друштво испеа куп македонски народни песни кои многу ги сака!Нејзините обожавателите ширум светот беа воодушевени од нејзиниот природен изглед – без шминка, со широка насмевка и со лицето без брчки. Лепа Брена повторно нагласи дека вистинската убавина доаѓа од внатрешниот мир. Во описот над сликата со тортата таа на сите им се заблагодари, најмногу на своите обожаватели со зборовите од нејзиниот голем хит „Боли ме уво за све“… – Благодарам за најубавите роденденски желби! Вашите пораки, честитки и убави зборови ми го разубавија денот и ми го направија посебно драг. Среќна сум што сте постојано дел од мојот живот и што овој роденден ми го направивте незаборавен!
Инаку, да потсетиме дека неодамна Лепа Брена со доза на хумор се осврна на изјавата на нејзината колешка, Марија Шерифовиќ, која предизвика бурни реакции. Марија изјави дека „пејачките постари од 60 години треба да се повлечат од сцената, да си замината во заслужена пензија“. Лепа Брена по оваа изјава само се насмевна со кус коментар дека „ не постои рок на траење во пеењето на естрадата за вистинските што публиката многу ги сака“. Пејачката притоа мислеше и на себе. Обожавателите искрено ѝ возвратија, велејќи ѝ дека е полна со елеганција, добрина, со шарм и со позитивни вибрации, додека Марија вообичаено дрдори и иритира!Саканата пејачка притоа откри и дека во последната деценија направила значителни промени во својата исхрана, со што остана здрава и тенка без вишок килограми. Лепа Брена престанала да јаде сувомесни производи сметајќи ги за хемија, а веќе десетина години ниту еден залак не става во уста по 17 часот. Овој режим, вели таа, ѝ помогнал да се чувствува полесно, дури и како пеперутка, а што ѝ е важно пред секој концерт. – Мојот искрен совет до секој од вас е многу практичен: ако, на пример, имате резервоар од 100 литри, во тој резервоар не сипувајте 130 бидејќи не може така. Еден ден, навистина ќе пукнете!