Актерот Леонардо Ди Каприо (50) објасни зошто се забавува само со многу помлади девојки. Тој му призна на режисерот Пол Томас Андерсон што долго време криел од сите – дека се чувствува речиси две децении помлад отколку што е всушност.
Андерсон го отвори разговорот за возраста на Ди Kаприо, поттикнувајќи го да одговори „што е можно побрзо“: „Ако не знаевте колку години навистина имате, колку години мислите дека имате?“ Кога Ди Kаприо одговори „Триесет и две“, Андерсон се запраша дали наполнувањето 50 години можеби било „природно време за размислување“.
Андерсон се пошегува: „Имате 50 години, но вашата емоционална зрелост е како да имате 32. Како го чувствувате тоа?“ Добитникот на Оскар продолжи да објаснува како неговата перспектива се променила откако го прославил својот роденден во ноември 2024 година.
„Имате желба да бидете поискрен и да не губите време. Само треба да бидете многу поотворени“, забележа Ди Каприо и додаде:
„Тоа е одговорност, бидејќи има многу повеќе години зад вас отколку пред вас.“
Ди Каприо додаде дека овој начин на размислување доаѓа со „ризик работите да се распаднат“, како и потенцијал за „несогласување“ или „одење по различни патишта во каков било вид врска во животот – личен и професионален“. Тој верува дека ова ќе стане поизразено во иднина“.
Добитникот на Златен глобус рече: „Ја гледам мајка ми, на пример, и таа само кажува точно што мисли и не губи време. Не троши време обидувајќи се да лажира нешто.“

Кој беше во „Клубот 25“ на Леонардо?
Леонардо Ди Каприо се забавува со Виторија Черети (27). Пред врската со неа, тој раскинуваше секој пат кога неговата тогашна девојка го славеше својот 25-ти роденден. Жизел Бундхен, бразилски супермодел, беше во врска со Ди Каприо од 2000 до 2005 година, а тие раскинаа токму кога таа наполни 25 години, кога ја откри неговата темна страна.
Следната голема љубов, Бар Рафаели, израелски модел, беше со Лео од 2005 до 2011 година – раскинувањето се случи, погодивте, кога таа наполни 25 години.
Најнов и најгласен пример е Камила Мороне, која им се придружи на Жизел, Бар, па дури и на Блејк Лајвли на листата на поранешни девојки што ги оставил кога наполниле 25-години. Лајвли ја запознал кога имла 20 – години, врската траела пет години, а тие раскинале само неколку месеци по нејзиниот 25-ти роденден, што дополнително ги поттикна гласините за неговото „годишно ограничување“ за романтични партнери.

Поради ова, почна да му се кажува дека избира само „девојки чиј префронтален кортекс не е целосно развиен“. Сега, според сите извештаи, тој го променил својот вкус, бидејќи убавата Виторија, со која се забавува од 2023 година, наполни 27 години во јуни и сè уште не се нашла на списокот на бивши.