Синот Иван е жив доказ на таа љубов. Веќе е израснат во големо згодно момче. Успешен е балкански музичар кој свири на шест инструменти, пее, компонира и аранжира. – Свадбата која пак ќе ја славиме, ни се случи во нашата Струмица, со голем број гости. Јас блескав во белата гламурозна венчаница, а Горан кој исто така беше облечен во бело, беше копија на Елвис Присли, раскажува разубавената Ленче за весникот ВЕЧЕР. Неа мошне добро ја памтиме и со тријумфалната победа во балканското шоу “Никогаш не е доцна“, кога покрај другите песни на свој начин највпечатливо ја испеа старата македонска “Катерино моме“. На фестивалот “Владимирово 2025“ имаше голем хит “Ракија се пече“, а кој новинарите го прогласија за најслушана фолк-песна!

-Нашата љубов трае 30 години, а наскоро оваа година величенствено ќе славиме, со роднините, пријателите, колегите и секако со нашиот син Иван кој е жив доказ на таа љубов, вака вели нашата популарна фолк пејачка Ленче Кукиќ, поранешна Дедејска, за бракот со исто така популарниот фолк пејач Горан Кукиќ.

Љубовта помеѓу Ленче, нагалено Дедејче, и Горан Кукиќ започна необично. Долго пред тоа се се познаваа, а само една ама вредна случка од корен им го смени животот.

 -Често го гледав на струмичкото корзо, ми беше така симпатичен, ми личеше на рок-ѕвездата Елвис Присли, ама немавме тогаш некои посебни муабети. Сепак судбината сакаше по некое подолго време, пак да се сретнеме и баш да се најдеме во истото такси јас и тој. Јас влетувам целата задихана од брзање и седнувам напред до возачот. Горан веќе беше седнат позади. Се вртам и вчудовидено го гледам велеќи му уште позачудено, онака по нашки, по струмички: “Од дека бе, ти тука“? Тој ништо не кажа, само широко ми се насмеа, а мене нозете ми се пресекоа. Меѓутоа тоа да ти биде сосема непланирана иницијална “каписла“. По некое време почнавме да се гледаме, најпрво кришум, а потоа веќе немаше резон да се криеме. Бевме “провалени“ од семејствата, а мислам и од новинарите, бидејќи станавме познати пејачи, слатко раскажува Ленче за весникот ВЕЧЕР, присетувајќи се на нивните љубовни почетоци.Но, ниту едниот ниту другиот ни на крај памет не можеа да предпоставуваат дека од таа младешка љубов ќе се стори толку успешен брак. Синот Иван кога израсна во големо згодно момче тргна по стапките на своите родители. Тој е веќе успешен балкански музичар (свири на шест инструменти, пее, компонира, аранжира)  и има снимено материјали за познатата загребска дискографска куќа “Кроација-рекордс“ (поранешен “Југотон“).

-Свадбата се случи во нашата Струмица. Го кажавме судбоносното “да“, си ги разменивме бакнежите, ветувањата, бурмите, се онака како што треба. Имавме голема веселба со голем број драги гости. Од една фотографија која ви ја подаруваме за читателите, јасно се гледа како изгледавме тогаш. Јас блескав во белата гламурозна венчаница, а Горан кој кој исто така беше облечен во бело, беше копија на Елвис Присли.

Инаку, Ленче и Горан некое време по свадбата заедно со маестро Горан Алачки приредија незаборавна вечер во селото Гари. Во тоа село во чест на копаничарот Петре Филиповски-Гарката се одбележуваат повеќе од 170 години од неговата смрт. Тој Петре Филиповски со прекарот Гарката бил еден од најистакнатите претставници на мијачката резба. Потекнува од родот Филиповски од селото Гари во Мала Река во кое бил роден во далечните 1780-тите години, а починал во Крушево 1854 година.

Селото Гари, празнува секогаш во чест на Петре Гарката. Па, така кон славењето, тогаш со своите настапи се приклучија Ленче и Горан Кукиќ во придружба на Горан Алачки. Имаа незаборавна вечер со изведби на стари македонски песни. Овде треба секако да се истакне дека Гарката е всушност прадедо на познатата успешна македонска новинарка Марина Дојчиновска (сегашната сопруга на Алачки).

Дуле МИЌИЌ

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ