ЛЕКОТ „КЛЕКСАН“ ПРОТИВ ЗГРУТЧУВАЊЕ НА КРВТА ОД КРАЈ НА НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ПОДИГНУВА СО РЕЦЕПТ

121

Лековите против згрутчување на крвта „еноксапарин“ и „надропарин“,  познати како „клексани“, од крајот на ноември ќе бидат на позитивната листа на лекови, односно ќе можат да се подигнуваат на рецепт и без рефундација на парите.

„Лековите досега беа на позитивната Б листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундација. До крајот на ноември овие два лека ќе бидат достапни во аптеките на рецепт. Тука имаме двојна добивка, граѓаните, пациентите нема да мора да одат по шалтери за да ги рефуднираат средставата за овие лекови. А второто е дека ние ќе имаме помал притисок за работа и ќе можеме да се концентрираме на други прашања. Ова е уште еден чекор на префрлање на лекови од болничката на аптекарската листа, а ќе следат и нови чекори. Јас веќе најавив дека во оваа фаза се антикоагуланси бидејќи третираат еден широк спектар на лица кои имаат потреба“, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и додаде дека партиципацијата на пациентите ќе биде прифатлива.

ИЗДВОЕНИ