Хрватскиот пазар се соочува со недостиг на лекот „Аспирин протект“ 100 милиграми, гастрорезистентни таблети што содржат ацетилсалицилна киселина, објави германската фармацевтска компанија „Bayer“.
Станува збор за пакување од 28 таблети во блистер, а според компанијата, проблемот со снабдувањето нема да биде решен до 14 ноември. Причината за недостигот на лекот е поврзана со производствените процеси, а во моментов нема нови испораки.
„Аспирин протект“ е еден од најчесто користените лекови за третман на голем број кардиоваскуларни состојби.
Според податоците за вкупната потрошувачка на лекови, минатата година беше на петтото место.