По шест години, Шарл Леклер сè повеќе го привлекува идејата на Астон Мартин, каде што би сакал да ја продолжи кариерата. Италијанските медиуми дознаваат дека тој е сè поблиску до одлуката да го напушти тимот на Ферари.
- Леклер ќе почека, сака да види како ќе поминат првите три или четири трки во 2026 година. Ако резултатите повторно се разочарувачки, тој ќе стане возач на Астон Мартин во 2027 година – пишува весникот „Кориере дела сера“.
Леклер досега возеше на 171 трка за Ферари, со 50 подиуми, 27 пол-позиции и со десет најбрзи круга.











