Лекарката од Газа чии девет деца загинаа во израелски напад, остана и без сопругот: Им подлегна на повредите

69
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Палестинскиот лекар Хамди ал-Наџар, чии девет деца беа убиени во израелски воздушен напад во Газа на 23 мај, почина во саботата од повредите здобиени во истиот напад, соопштија здравствените власти, објави денес Би-Би-Си.

Ал-Наџар штотуку се вратил дома откако ја однел сопругата, д-р Ала ал-Наџар, во болницата Насер, каде што двајцата работеле, кога нивниот дом во Кан Јунис бил погоден од израелски воздушен напад. Девет од нивните деца беа убиени, додека десеттото беше сериозно повредено.

Хамди беше лекуван во болница поради повреди на мозокот и внатрешните органи, но почина во саботата. Ала и нивниот единаесетгодишен син Адам, кој сè уште е во болница, се единствените преживеани членови на семејството. Израелската војска (ИДФ) соопшти дека инцидентот е под истрага.

Во соопштението се вели дека „авионот погодил неколку осомничени лица идентификувани од страна на ИДФ како лица кои дејствувале во зграда во областа Кан Јунис, опасна борбена зона од која цивилите биле евакуирани однапред за нивна заштита. Тврдењето за повредите врз цивилите се истражува“.

Греам Грум, британски хирург кој работи во болницата и го оперирал единствениот преживеан син на Адам, за Би-Би-Си изјавил дека „е ужасно сурово што неговата мајка Ала, која со години се грижела за деца како педијатар, ги изгубила речиси сите свои деца во еден напад“.

ИЗДВОЕНИ