Лекарите контра Трамп: Нема никаква врска меѓу употребата на парацетамолот во бременоста и аутизмот

50

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека нема докази за промена на сегашните препораки за употреба на парацетамол за време на бременоста, побивајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека лекот, познат како Тиленол во САД, е поврзан со аутизам.

„Достапните докази не покажуваат никаква врска помеѓу употребата на парацетамол за време на бременоста и аутизмот“, соопшти ЕМА, а пренесе Ројтерс.

Медицинската агенција на Европската унија повтори дека парацетамолот може да се користи за време на бременоста и препорачува најниска ефективна доза и фреквенција.

Трамп во понеделник го поврза аутизмот со вакцините против деца и со употребата на парацетамол за време на бременоста, ставајќи ги тврдењата, кои не се поткрепени со научни докази, во преден план на здравствената политика на САД.

ИЗДВОЕНИ