„Лекари без граници“ бара итно затворање на Хуманитарната фондација за Газа, станала место за организирано убивање

39

Меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“ повика на итно затворање на Хуманитарната фондација за Газа, која ја поддржуваат САД и Израел и која работи во Појасот Газа, наведувајќи дека нејзините пунктови за дистрибуција на храна станале места на „организирано убивање и дехуманизација“.

Во објава на социјалните медиуми, организацијата наведе дека во своето речиси 54-годишно работење, ретко биле сведоци на такво систематско насилство врз невооружени цивили, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

-Пунктовите на фондацијата во Газа, наместо да обезбедуваат помош, станаа места на страдање за гладните луѓе, сooпшти „Лекари без граници“.

Во извештај заснован на медицински податоци, сведоштва од пациенти и изјави од лекари од две клиники на „Лекари без граници“ во јужна Газа, се посочува дека постои шема на насочено и неселективно насилство од страна на израелските сили врз Палестинците собрани на контролните пунктови на фондацијата.

ИЗДВОЕНИ