Селекторот на тениската Дејвис куп-селекција на Австралија и поранешен светски број еден, Лејтон Хјуит, е суспендиран на две недели поради инцидент во текот на антидопинг-контрола, но најави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука.
Тој е казнет и со 30.000 австралиски долари (околу 17.000 евра), бидејќи, според наводите, во ноември 2024 година, во Малага, по полуфиналето против Италија, го турнал 60-годишниот волонтер задолжен за допинг-контрола.
- Многу сум разочаран од одлуката, но и од целиот процес, како и од информациите што беа објавени. Ќе поднесам жалба со мојот правен тим и затоа повеќе нема да се огласувам на оваа тема – изјави Хјуит на прес-конференција.
На прашањето дали размислува за повлекување поради казната, одговори:
- Не. Овие натпреварувања се премногу важни. Мислам дека сето ова ќе ги направи момците уште посилни на теренот.
Австралија нема освоено Дејвис куп од 2003 година. Лејтон Хјуит важи за еден од најдобрите тенисери во историјата на својата држава.