Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ (26), ќе отсуствува најмалку една недела поради повреда на левиот прст и контузија на долниот дел од левата нога.
Дончиќ веќе пропушти еден меч, против Сакраменто, кој Лејкерс го доби со 120:127 на гости, а нема да игра ниту против Портланд, Минесота и Мемфис.
Дополнителен проблем за Лејкерс е и отсуството на Леброн Џејмс, кој не играше оваа сезона поради болки во грбот. Во првите три натпревари од сезоната, Лејкерс имаат две победи и пораз, а Дончиќ моментално има просек од 46 поени, 11,5 скока и 8,5 асистенции.











