Јавната дебата за иднината на Леброн Џејмс дали ќе остане во Лос Анџелес Лејкерс или не, повторно е обновена. Овој пат, отиде дотаму што се вели дека поранешната сопственичка Џини Бас била разочарана од неговото однесување и наводно го нарекла неблагодарен, на што Леброн рече дека имал впечаток дека нивниот однос е многу добар.

После тоа, сè повеќе се слушаше дека Леброн ќе се врати во Кливленд и ќе ја заврши кариерата со Кавалирс, а „ЕСПН“ пишува дека информациите на Брајан Виндхорст велат дека вистината е некаде помеѓу.

Клучниот фактор за тоа што Леброн Џејмс ќе остане со Лејкерс се финансиите. Тие ќе побараат од Леброн да му ја намалат платата „значително“ за да остане во тимот од Лос Анџелес.

Леброн наполни 41 година и оваа сезона одигра 29 натпревари со просек од 22 поени, 6,7 асистенции и 5,9 скока и помина 33 минути на теренот.

ИЗДВОЕНИ