Кошаркарскиот свет беше во шок на почетокот од оваа година кога Далас Маверикс реши да му го даде Лука Дончиќ на ЛА Лејкерс. Навивачите на Далас сè уште не разбираат зошто челниците на клубот толку лесно се откажаа од својот најдобар кошаркар, но со текот на времето, се чини, работите стануваат појасни.
Дончиќ беше критикуван и во Лејкерс за својот физички изглед и дека е запуштен, но ги воодушеви со тоа што покажа фантастична физичка трансформација пред Евробаскетот со Словенија и дека е целосно подготвен за новата сезона.
Сепак, многумина го предупредуваат Лејкерс дека проблем на Дончиќ во Лејкерс не била физичката подготвеност, туку работите што ги прави надвор од паркетот.
Лејкерс беше предупреден дека мора да се грижи за животот на Дончиќ надвор од теренот и за начинот на кој го поминува слободното време и да го ограничи, колку што е можно, во правењето работи како во Далас. Словенецот често можеше да се види во клубови, како пие алкохол, а негова слаба точка е пивото, кое го консумира најмногу.
Покрај пивото, постои и наргилето, кое Дончиќ, исто така, често го користи, но, како што изјави новинарот на ЕСПН, Марк Спирс, пивото и наргилето не се единствените проблеми во животот на словенечкиот кошаркар и дека работата е многу покомплицирана.
– Сега во јавноста се појавуваат многу лоши приказни за неговото време во Далас. Секако, има работи за кои не се зборува и кои се обидуваат да се скријат. Јас самиот слушнав некои приказни за Дончиќ што не ѝ се познати на јавноста. Наргилето и пивото не се единствените проблеми кога станува збор за Дончиќ. Се плашам дека во наредниот период, можеби, ќе се открие што се случило во Далас и зошто тој толку лесно се ослободи од него – вели Спирс.
Од Далас решија да откријат колку е „слаб“ Дончиќ кога станува збор за пивото и за наргилето и дека ги консумира секој ден, сè со цел да се „измие“ од критиките на навивачите поради фактот што го вклучија во размената со Лејкерс.