понеделник, февруари 2, 2026
Дома МАГАЗИН Емотивен говор на Лејди Гага по добивањето на Греми: Нејзината силна порака...

Емотивен говор на Лејди Гага по добивањето на Греми: Нејзината силна порака ги допре жените/ВИДЕО

65
EPA/JILL CONNELLY

Лејди Гага ја освои наградата за најдобар поп вокален албум за „Mayhem“ на доделувањето на Греми наградите во 2026 година во Лос Анџелес, и по тој повод му се обрати на својот вереник.

Лејди Гага ја освои наградата за најдобар поп вокален албум за нејзиниот албум „Mayhem“ на синоќешното доделување на наградите Греми. На церемонијата во Лос Анџелес, чиј водител беше Тревор Ноа, пејачката одржа емотивен говор заблагодарувајќи му се на својот свршеник Мајкл Полански, кого го бакна пред да излезе на сцената.

„Прво и најважно, морам да му се заблагодарам на мојот партнер Мајкл“, рече Гага додека ја примаше наградата. „Ти си тука за мене секој ден на начини на кои не можам доволно да ти се заблагодарам и работеше толку напорно со мене на овој албум една година.“

Нејзиниот вереник, кој е коавтор на песната на „Mayhem“, беше номиниран и за Албум на годината. „Затоа те сакам и ти благодарам“, додаде таа.

Гага, која беше номинирана во седум категории, вклучувајќи песна и видео на годината, ја искористи и можноста да им упати зборови на охрабрување на своите колешки:

„Само сакам да им кажам на жените во музиката, знам дека понекогаш, кога сте во студио со група мажи, може да биде тешко. Затоа ве охрабрувам секогаш да се слушате себеси и секогаш да се борите за вашите идеи, да се борите за вашите песни, да се борите за себе како продуцент. Погрижете се вашиот глас да се чуе – гласно.“

ИЗДВОЕНИ