Легендите на Барселона удрија по Јамал

171
epa11413197 Josko Gvardiol (L) of Croatia in action against Lamine Yamal of Spain during the UEFA EURO 2024 group B match between Spain and Croatia in Berlin, Germany, 15 June 2024. EPA-EFE/FILIP SINGER

Реал (М) ја победи Барселона со 2:1 во и повеќе од напнатото „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“, но најголема „прашина“ по дуелот настана поради   коментарите кои претходно ги даде младата ѕвезда на каталонскиот гигант Ламин Јамал. Поранешниот играч на Барса, Рафиња Алкантара, остро го критикуваше 18-годишникот за неговиот „недостаток на зрелост“, тврдејќи дека неговите коментари пред натпреварот му дале на Реал Мадрид „дополнителна мотивација“ за победа, пишува Goal.com.

Тензии на „Бернабеу“

Килијан Мбапе и Џуд Белингам му ја донесоа победата на Реал, со што му обезбедија на својот тим предност од пет бода на врвот на „Ла Лига“. На Мбапе дури и му беше одбранет пенал во второто полувреме од Војчех Шчесни.

Страстите дополнително се разгореа кога Педри доби црвен картон во судиското продолжение за прекршок врз Аурилиен Чуамени. По последниот свиреж, избувнаа неколку судири, а во центарот на еден од нив беа Винисиус Жуниор, Дани Карвахал и Тибо Куртоа, кои сакаа дури и физички да се пресметаат со Јамал.

Спорни коментари и остри критики

Младата ѕвезда на Барселона го налути тимот од Мадрид со своите непромислени коментари пред натпреварот. „Да, секако, тие крадат, се жалат…“, рече Јамал, осврнувајќи се на Реал (М) на Twitch. Поранешниот играч на Барселона, Рафиња, е еден од тие на кои ни малку не му се допаднаа коментарите на крилниот напаѓач и реши веднаш по дуелот да го критикува тинејџерот.

Во разговор за DAZN, Рафиња го обвини Јамал дека му дал дополнителен поттик на Реал. „Тој направи грешка поради неговата младост и недостаток на зрелост со тоа што го кажа тоа што го кажа. Неговите зборови му дадоа дополнителен поттик на тимот од Мадрид“, рече Рафиња.

Поранешниот играч од средниот ред на Реал (М), Гути, се согласи, додавајќи: „Ламин Јамал е премногу млад за да ја знае историјата на Реал (М) и Барселона. И јас би го критикувал за неговите зборови“.

Соиграчите застанаа во одбрана на Јамал

И покрај критиките, соиграчите на Јамал застанаа во негова одбрана. Младиот напаѓач беше исвиркуван од домашните навивачи секој пат кога ќе ја добиеше топката. Играчот од средниот ред на Барселона, Френки Де Јонг, го осуди однесувањето на играчите на Реал по натпреварот. „Кога судијата свирна за крај на натпреварот, неколку играчи на Реал (М) веднаш се упатија кон Ламине. Беше претерано“, рече Холанѓанецот.

Де Јонг го издвои Карвахал за неговата жестока расправија со 18-годишникот. „Ако Карвахал сакаше да разговара со него, можеше да го направи тоа насамо. Гестикулирањето на теренот само го разгоруваше огнот. Ламин никогаш не рече дека Реал (М) измамува, никогаш не сум го слушнал тоа“, додаде тој. Дефанзивецот Роналд Араухо исто така го поддржа: „Тој е одличен професионалец; знае што прави“.

Потврда од таборот на Мадрид

Играчот од средниот ред на Реал (М), Аурелиен Чуамени, исто така потврди дека зборовите на Јамал имале влијание. Французинот, кој беше фаулиран од Педри за црвен картон, призна дека коментарите му дале дополнителна искра на неговиот тим.

„Ни даде мал поттик. Нема зла крв, но ваквите работи ве разгоруваат“, рече Чуамени по победата. Реал (М) следниот натпревар е домаќин на Валенсија и ќе се обиде да ја продолжи својата победничка серија.

 

ИЗДВОЕНИ