Легендата на Арсенал му рече на Артета да ја земе капитенската лента од Одегард

122
epa10497710 Arsenal manager Mikel Arteta reacts during the English Premier League soccer match between Arsenal London and Everton FC in London, Britain, 01 March 2023. EPA-EFE/Andy Rain

Арсенал ја започна својата нова сезона во Премиер лигата со гостување на „Олд Трафорд“, а дуелот против големиот ривал, Манчестер Јунајтед, заврши со минимален триумф на „топчиите“ од 1:0.

Ова беше првиот од неколкуте тешки натпревари за Арсенал, кои вклучуваат и натпревари против Ливерпул, Манчестер Сити и Њукасл.

Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета се надева дека конечно ќе ја освои Премиер лигата со Арсенал, а многу работи ќе станат појасни после првите одиграни натпревари.

Легендата на Арсенал, Тони Адамс, предложи Артета да му ја одземе капитенската лента на Мартин Одегард и некој друг да го води клубот кон зацртаната цел.

Адамс го водеше Арсенал до четири титули во лигата во својата славна кариера и јасно стави до знаење дека Одегард не е играчот што треба да биде капитен на Арсенал.

„Артета има голема одлука да донесе и според мене, тој сè уште не ја донел. Станува збор за тоа дека Деклан Рајс треба да биде капитен. Тој е мој тип на капитен и тоа би му овозможило на Одегард да игра со многу поголема леснотија во нападот. Понекогаш како менаџер мора да дадете изјава што го носи клубот на повисоко ниво“, изјави Адамс и продолжи:

„Напред, направете го тој чекор. Станете победнички менаџер и фантастичен тренер затоа што нема да ја освоите лигата со Одегард како капитен. Деклан Рајс ќе ти го направи тоа, Одегард нема. Ајде, Артета, направи го, направи го капитен“.

Шпанскиот стручњак сигурно ќе биде прашан за изјавата на Адамс и ќе биде интересно да се види неговиот одговор на сето тоа.

 

 

ИЗДВОЕНИ