Италијанскиот кошаркар Марко Белинели одлучи да ја заврши својата богата кариера на 39-годишна возраст. Тој ја сподели одлуката на социјалните мрежи.

  • Кошарката ми даде сè… и јас ѝ дадов сè. Тешко е да се каже збогум, но дојде време. Го оставам сонот за новата генерација – нека го остварат, напиша Белинели.

Белинели останува во историјата како единствениот Италијанец со шампионски прстен во НБА, освоен во 2014 година со Сан Антонио Спарс. Во истата сезона, тој ја освои и титулата во натпреварувањето за шутирање тројки на НБА Ол-стар викендот.

Во текот на 14 сезони во најсилната лига во светот, тој одигра дури 925 натпревари, со просечен учинок од 9,7 поени во регуларната сезона и 8,5 во плејофот. Последните пет години ги помина во Виртус од Болоња, со кого го освои Еврокупот во 2022 година и обезбеди враќање во Евролигата.

ИЗДВОЕНИ