Легендарниот Усеин Болт денеска доаѓа во Србија на средба со Вучиќ

102
video screenshot youtube

Легендарниот спринтер и сè уште најбрзиот човек на светот Усеин Болт денеска ќе пристигне во Белград, пишуваат медиумите во Србија.

Ексклузивни информации објави порталот Zurnal.rs, а наведуваат дека тој се согласил да биде амбасадор на проектот EXPO 2027.

Легендарниот атлетичар од Јамајка се уште е сопственик на нереалниот светски рекорд на 100 метри, кога Болт ја истрча делницата за 9,58 секунди.

Рекордот на 100 и 200 метри се уште го држи Болт, кој го постави во 2009 година во Берлин на Светското првенство.

Медиумите пишуваат дека Болт од 10.30 часот во Палатата Србија ќе има прием кај претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ЕКСПО треба да се одржи од 15 мај до 15 август 2027 година, а деталите ќе ги објават Вучиќ и Болт на средбата.

EPXO (Exposition или Exposition Universelle) е меѓународна изложба која обединува земји, организации и компании од целиот свет за да ги претстават своите достигнувања во науката, технологијата, индустријата, културата и иновациите.

Најбрзиот човек на светот има осум златни медали од Олимписките игри, потоа 11 златни медали од светските првенства, како и две сребрени и една бронза на светските првенства.

Болт се пензионираше на Светското првенство во Лондон во 2017 година.

ИЗДВОЕНИ