Српскиот ракометен голман што настапуваше и за најтрофејниот македонски тим Вардар, Арпад Штербик, е невработен. Најдобриот голман на светот ќе го напушти Веспрем по седум години. Две од нив ги мина меѓу стативите на овој тим, а пет како тренер. Клубот официјално објави за неговото заминување.

Минатата година, Штербик доживеа срцев удар, но закрепна и се врати на работа. Сепак, сега му истекува договорот и, најверојатно, ќе замине во пензија или, пак, во нов клуб.

– Раководството на клубот одлучи да го раскине договорот со тренерот на нашите голмани, Арпад Штербик, на почетокот од сезоната 2025/2026. Би сакале да продолжи развојот на овој дел од тимот со поинаков пристап и во поинаква насока во иднина. Засега, ќе ги бараме тренерите на нашите голмани во нашите редови. Арпад Штербик работеше како тренер на нашите голмани пет години, во тој период освоивме три унгарски првенства, четири унгарски купа и едно Светско првенство. Би сакале да му се заблагодариме за сè што направи за нас како играч и како тренер. Му посакуваме успех во иднина – се вели во соопштението на Веспрем.

Голманот, роден во Сента пред 45 години, порасна во Југовиќ, со кој го освои Купот на ЕХФ. Потоа се пресели во Веспрем и играше за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и за Вардар. Освои два бронзени медала на светските првенства за репрезентацијата на СР Југославија, а потоа, поради конфликт со тренерот Веселин Вујовиќ, бранеше за Шпанија од 2008 до 2020 година.

Во новиот тим на Веспрем нема да има место за Арпад Штербик. Ова ќе биде најскапиот тим во Европа, а на голот ќе ги има Микаел Апелгрен и Родриго Коралес. Дејан Милосављев беше споменуван како потенцијално засилување, но на крајот отиде во Киелце.

Единствен Србин во овој тим ќе биде пивотменот Драган Пешмалбек, а Веспрем неодамна плати повеќе од еден милион евра за Иван Мартиновиќ, кој доаѓа од Рајн-Некар Левен. Ахмед Хешам и Јанис Лен од Монпелје, Тијагос дос Сантос од Барселона и Ахмед Месилхи од Ал Ахли, исто така, потпишаа за оваа сезона.

Освен Арпад Штербиќ, двајца голмани од минатата сезона, Мика Јенсен и Кристоф Палашиќ, го напуштија тимот, а кариерата ја заврши и легендарниот Арон Палмарсон. Заминаа и Сергеј Косоротов, Агустин Касадо, Лукас Сандел, Микита Ваилупау, Лудовик Фабрегас и Никола Граховац. Следната сезона ќе пристигнат, веројатно, најдобриот голман на планетата, Данецот Емил Нилсен од Барселона, и неговиот сонародник и пивотмен на Фленсбург, Лукас Јоргенсен.

 

ИЗДВОЕНИ