Легендарниот германски фудбалер Ули Хенес (73) бил хоспитализиран во саботата навечер. Како што пишува „Билд“, Хенес бил однесен во болница со брза помош. Имал пукната вена, но откако добил третман истата вечер, и ја напуштил болницата. Хенес моментално е член на одборот на Баерн.
Како играч, тој помина девет години во клубот и освои три титули во Бундеслигата и три Лиги на шампиони.
Тој беше светски шампион (1974) и европски шампион (1972) со германската репрезентација.