Легендарниот фудбалер ја сврте цела Холандија против себе

1761
epa07001964 Wesley Sneijder (2-R) of the Netherlands with his wife and his children after the International Friendly soccer match between the Netherlands and Peru at Johan Cruijff Arena in Amsterdam, Netherlands, 06 September 2018. Sneijder made his final international appearance for the Netherlands. EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Едно време, тој важеше за најдобар фудбалер на светот, но не можете да зборувате за него, а да не го споменете бурниот ноќен живот што го водеше. Сепак, дури ни тоа не го спречи легендарниот играч од средниот ред да ја освои Лигата на шампионите и во еден момент да биде најдобар на светот.

Започна во Ајакс, играше за Реал (М), а потоа ја освои Лигата на шампионите со Интер во 2010 година под водство на Жозе Мурињо. Во сезона од соништата, тој беше и шампион на Италија, го освои Купот, играше во финалето на Светското првенство со Холандија и беше блиску до „Златната топка“.

Сепак, како и повеќето, тој почна да ги троши насобраните пари насекаде, за да се релаксира навечер до раните часови, а во една прилика дури и призна дека пиел до шест часот наутро вечерта пред да игра натпревар од Лигата на шампионите.

„Еднаш сопругата и јас отидовме на забава организирана од Армани. Џорџ Клуни и Меган Фокс беа таму. Се вративме дома во шест часот наутро, а следната вечер запишав асистенција и постигнав гол во Лигата на шампионите против Вердер.“

И самиот призна дека пијалокот чинел повеќе од многу подобра и поуспешна кариера. Можел да биде подобар од Роналдо и Меси, двајца играчи кои одбележаа една ера, но… „Можев да бидам како Меси и Роналдо, но едноставно не го почувствував тоа. Уживав во животот, можеби пиев уште една чаша вино повеќе за време на вечерата.“

Весли Снајдер сега даде изјави што ја свртија Холандија против него, но како и секогаш, тој го кажа она што му беше на ум.

„Слушајте, ние како народ сме многу љубоморни и завидни. Затоа оваа земја е ужасна“, рече Снајдер, кој вели дека било каде на друго место е поубаво отколку во неговата татковина.

„Холанѓаните сакаат да ве скршат, да ве направат несреќни и неуспешни. Кога одам во Милано, добредојден сум, особено поради она што сум го постигнал. Луѓето сè уште се благодарни за она што го направив“.

„Холандија е ужасна земја кога станува збор за љубомора. Повеќето граѓани едноставно завидуваат. Едноставно, ако имате среден живот, приватен и професионален, тоа не им се допаѓа“, објасни поранешниот репрезентативец.

Весли Снајдер е производ на Ајакс од Амстердам, со кого го освои холандското првенство и три холандски Суперкупа. На почетокот на август 2007 година, тој беше купен од Реал (М) за 27 милиони евра.

Сепак, тој го постигна својот најголем клупски успех во Интер, каде што играше од 2009 до 2013 година и ја освои тројната круна. Исто така ги има освоено Купот на Шпанија и Суперкупот, како и две првенства, три купа и три Суперкупа на Турција како играч на Галатасарај.

Во својата најдобра сезона, кога беше шампион на Европа, заврши на четвртото место во гласањето за „Златната топка“ зад Иниеста, Чави и Лионел Меси, кој тогаш беше избран за најдобар.

ИЗДВОЕНИ