EPA/ADAM VAUGHAN

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка поминува низ еден од најчудните периоди во својата кариера и доаѓаат сè повеќе критики од големите имиња на тенисот.

Белорусинката претрпи неочекуван пораз во четврт-финалето на Ролан Гарос, потоа, на Вимблдон, беше елиминирана уште во осминафиналето, па сè почесто се поставува прашањето што се случува со неа. Легендарниот Џими Конорс зборуваше и за неа во поткастот „Адвантиџ конорс“, кој го води со својот син.

– Арина Сабаленка ќе мора да почне да се докажува. Не знам што друго да кажам за неа. Зборуваме за неа толку долго и таа нè однесе на емотивен ролеркостер. Знаеме дека има способност. Го докажа тоа со начинот на кој игра. Би сакал објаснување – рече Конорс.

Сабаленка сè уште има шанса да ја освои титулата на гренд слем во 2026 година, но по неодамнешните резултати, јасно е дека се зголемува притисокот.

Се очекува многу повеќе од тенисерката што доминира на ВТА-турнејата, а пораката на Конорс само потврдува дека разочарувањето не доаѓа само од навивачите туку и од луѓето што ја обележаа историјата на тенисот.

 

ИЗДВОЕНИ