Светот на тенисот и спортот, воопшто, беше во шок по веста дека еден од најголемите играчи на сите времиња, легендарниот Бјорн Борг (69), боледува од рак на простата. Оваа тешка битка, која ја водеше далеку од очите на јавноста, ја откри шведската икона во својата претстојна автобиографија „Рипање на срцето“ (Hjärtslag), чии делови беа објавени во јавноста, откривајќи ја ранливоста на човекот познат по својата натчовечка смиреност на теренот.

Иако официјалното објавување на книгата е закажано за 18 септември, веста за дијагнозата на Борг се прошири глобално откако автобиографијата беше предвреме достапна за купување на италијанската верзија на платформата „Амазон“. Во книгата, според медиумите кои видоа рана копија, 69-годишниот Борг детално ја опишува својата приватна борба со болеста, од моментот на дијагнозата до процесот на лекување.

Токму затоа веста за неговата борба со ракот на простата одекна толку силно. Таа покажа дека дури и најголемите спортски херои се само луѓе, со своите стравови и слабости.

ИЗДВОЕНИ