Од следната сезона сè ќе биде поинаку во Формула 1. Започнува една нова ера кога се во прашање сите промени кои следуваат. Има и промени во календарот – вклучувајќи го дебито во Мадрид и враќањето на некои трки на познати датуми.
Формула 1 и ФИА го потврдија тркачкиот календар за сезоната 2026, што ќе го означи почетокот на новата техничка ера со целосно редизајнирани болиди и погонски единици.
Сезоната повторно ќе започне со Големата награда на Австралија, која исто така ја отвори оваа сезона, потврдувајќи го статусот на Мелбурн како идеално место за почеток на сезоната во Ф1. Само една недела подоцна, циркусот на Ф1 се сели во Кина, додека Големата награда на Јапонија ќе следува на крајот на март. Потоа следува двојна програма на Блискиот Исток, со трки во Бахреин и Саудиска Арабија, кои беа одложени поради Рамазан и ќе се одржат кон средината на април. Најголемата промена во календарот за 2026 година е укинувањето на трката во Имола, додека Мадрид ќе биде домаќин на Ф1 за првпат, заменувајќи ја трката за големата награда на Каталонија.
И покрај промените, бројот на трки останува ист – 24, колку што имаше минатата сезона. Канадското Гран При е поместено за крајот на мај за да се намали логистичкиот притисок врз распоредот и да се овозможи непречена интеграција на европскиот дел од сезоната. Монтреал на тој начин ќе биде независна трка, исто како и Големата награда на Мајами, која останува во мај.
Европскиот дел од сезоната започнува на 7 јуни со Големата награда на Монако, а завршува на 13 септември со новата трка во Мадрид, на патека позната под името „Мадринг“.
Претседателот на Ф1, Стефано Доменикали, го најави возбудувањето од новата ера на спортот.
- Годината 2026 претставува нова ера за Формула 1, во која ќе бидеме сведоци на сосема нови правила, болиди и мотори напојувани со 100% одржливо гориво. Исклучително сме возбудени што Мадрид се приклучува на календарот и што ќе го видиме влегувањето на големите автомобилски компании како што се „Ауди“, „Кадилак“ и „Форд“. Ќе биде незаборавна сезона, со 24 фантастични трки низ целиот свет, каде што најдобрите возачи ќе дадат сè од себе во битката за титулата.