Големата награда на Малезија се одржуваше на патеката „Сепанг“ од 1999 до 2017 година и беше една од омилените трки на обожавателите во сезоната. Долго време е надвор од календарот, но има можност да се врати. Директорот на патеката, Ажан Шафриман Ханиф, рече дека нема да биде лесно, но има интерес и Формула 1 ќе се обиде да се врати во Малезија.
- Не сакаме да ги повторуваме грешките од минатото. Ја оставивме Формула 1 да си оди и сега е многу тешко да се врати. Има листа на чекање за враќање и, секако, трошоците се многу високи. Ни беше кажано дека надоместоците се 70 милиони долари од трка. Тоа не ги вклучува трошоците за тренинзи, кои се помеѓу 10 и 20 милиони рингити (2,3 до 4,7 милиони долари) за секој настан. Вкупно, враќањето на трката би нè чинело повеќе од 300 милиони рингити (71 милион долари) – изјави Ханиф за „Њу Стрејтс тајмс“.
Малезија се откажа од Формула 1 во 2017 година, бидејќи трошоците за нејзино организирање стануваа поголеми, а продажбата на билети опаѓаше. Ова се должеше и на зголемувањето на бројот на трки во Азија, особено по гламурозната трка во Сингапур.