недела, март 1, 2026
Дома МАГАЗИН Легендарната Маргица Антевска слави 55 години кариера со концерт во родното Куманово

Легендарната Маргица Антевска слави 55 години кариера со концерт во родното Куманово

188

Да не се пропушти!

Една од најдолговечните македонски пејачки, познатата и саканата кумановка Маргица Антевска, слави. И тоа голем и значаен јубилеј 55 години од богатата музичка кариера. Исполнета е со неброено многу убави песни, сјајни интерпретации со бисерен глас кој милува и ден-денес, па не за џабе честопати ја ословуваме со заслужен прекар „Македонска Тереза“, а со оглед на тоа дека одлично ги пее и песните од репертоарот на славната Тереза Кесовија, а особено онаа “Старе љубави“.

Својот голем јубилеј, саканата Марга ќе го одбележи на 24 ноември, во родното Куманово, со (предновогодишен) солистички концерт Маргица Антевска со семејството и пријателите“, со почеток од 19.00 ласот. Местото на музичкиот настан е “Занаетчиски дом“ (плоштадот).

Организатор е Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Ризница“ од Куманово, со поддршка од Општина Куманово и од Фондацијата за култура. Љубителите на нејзината песна ќе ја имаат единствената можност да уживаат во сите тие интерпретации, слушајќи ја со задоволство оваа врвна пејачка (на забавни и на народни мелодии), во живо. (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ