Повеќе од 10.000 летови се откажани денес поради снежна бура што го погоди поголемиот дел од САД. Предупредувања за снег се на сила во 37 држави, а вонредна состојба е прогласена во 23.
„Продолжуваме да следиме и сме во контакт со сите држави на патот на оваа бура. Останете безбедни и топли“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп преку Truth Social.
Вонредна состојба е прогласена во Арканзас, Конектикат, Делавер, Џорџија, Индијана, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мериленд, Мисисипи, Мисури, Њу Џерси, Њу Мексико, Њујорк, Северна Каролина, Охајо, Јужна Каролина, Пенсилванија, Тенеси, Тексас, Вирџинија и Западна Вирџинија, како и во делови од Алабама, објави NBC News.
Вонредна состојба е прогласена и во Вашингтон. Околу 340.000 корисници се без струја низ целата земја. Најголем број без струја се во Тексас, Мисисипи и Луизијана.
Се очекува снегот, кој ги зафати и јужните делови на САД, да престане на почетокот на следната недела, но ниските температури ќе продолжат.












