Американската пливачка Кејти Ледецки постави нов светски рекорд на 800 метри слободен стил, на натпреварот во Форт Лодердејл. Таа ја мина делницата за осум минути, четири секунди и 12 стотинки и со тоа го подобри сопствениот светски рекорд (8:04,79) за 67 стотинки, кој го постигна во август 2016 година, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Одлични резултати имаше уште една американска пливачка – Гречен Волш, која го собори светскиот рекорд на 100 метри пеперутка двапати во ист ден. Таа прво постигна резултат од 55,09 секунди во квалификациите, со што го подобри сопствениот светски рекорд (55,18), кој го постави во јуни минатата година, за девет стотинки од секундата, а потоа постави нов светски рекорд во оваа дисциплина, во финалето, кој сега изнесува 54,60 секунди.