Леброн Џејмс ретко фали некого на начин како овој, кога го пофали Лука Дончиќ.

На првиот натпревар од својата сега рекордна 23. НБА-сезона, Џејмс постигна 11 поени и 12 асистенции. Од друга страна, Лука Дончиќ се истакна со 37 поени и 10 асистенции во победата на Лос Анџелес лејкерс над Јута џез, со 140:126.

Рефлекторите по натпреварот беа насочени кон Леброн, за кого ова беше прв натпревар во сезоната, но тој вешто ги пренасочи кон Лука, нарекувајќи го еден од главните кандидати за МВП-наградата оваа сезона.

  • Кога имам играч од калибарот на МВП, кој го прави она што го прави оваа година, тогаш немам притисок да доминирам офанзивно додека игра тој на тоа ниво. Кога го прави Лука она што го прави во пикенролот, кога привлекува толку многу играчи околу себе, можам малку да се повлечам, да почекам топката да „врти“. Така доаѓа моето време, па ја „фаќам“ мојата игра. Можам да играм и „четири на три“, „три на два“ и да ги пронајдам моите момци, оние што се отворени – порача Кралот.

Џејмс се врати откако ги пропушти првите 14 натпревари поради ишијас и одигра дури 30 минути во своето деби во сезоната.

ИЗДВОЕНИ