Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, ја прекина неверојатната серија што траеше 18 години. Џејмс имаше едноцифрен учинок во НБА-натпревар за првпат од 5 јануари 2007 година.
Леброн постигна само осум поени во победата над Торонто (113:110), шутирајќи 4/17 од поле. Тој не погоди ниту една тројка во пет обиди.
Легендарниот играч со тоа ја прекина серијата од 1.297 натпревари во кои постигна најмалку 10 поени.
И покрај ова, Леброн беше еден од хероите, асистирајќи му на Руи Хачимура за тројка, за победа со звукот на сирената.











