Екипата на Индијана го победи Кливленд со 114:105, на петтиот натпревар и го елиминираше од плејофот за 2025 година, а најефикасен нејзин играч повторно беше Тајрис Халибартон, кој постигна 31 поен, 6 скока и 8 асистенции.

Неговата игра го привлече вниманието на кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, кој имаше интересен коментар.

Леброн и Лејкерс беа елиминирани веднаш на почетокот од плејофот, а тој им се налути на корисниците на социјалната мрежа X затоа што го нападнаа Халибартон.

  • Хали игра феноменално! Каде се сега сите тие кутри луѓе што велеа дека е преценет?! Молчат како да се дават. Тој човек е добар и, пред сè, е некој со кого секој би сакал да играм – напиша Леброн на својот профил.

ИЗДВОЕНИ