
Најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Рафаел Леао, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. И покрај интересот на неколку европски гиганти, крилниот напаѓач, кој е проценет на најмалку 100 мил. евра, изјави дека не планира да замине од „Сан Сиро“ затоа што веќе игра за клубот од неговите соништа.