„Ле Монд“: „Евроклир“ предупредува на можни тужби против ЕУ во случај на запленување на руски средства

30

„Евроклир“,  институцијата што управува со руски средства замрзнати во Европа, не ја исклучи можноста за тужба против Европската Унија (ЕУ) во случај на конфискација на руски средства, објави вчера парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

„Евоклир“, малку позната, но централна белгиска институција во финансискиот систем, поседува, меѓу другото, околу 200 милијарди евра руски средства, кои, замрзнати од почетокот на руската инвазија на Украина, привлекуваат голем интерес, објави францускиот весник.

Генералната директорка на институцијата, Валери Урбен, предупреди на можноста за конфискација, која, бидејќи е нелегална, би ја ослабела Европа. Таа рече дека „Евроклир“ има замрзнати околу 200 милијарди евра руски средства од почетокот на руската инвазија и додаде дека прочитала за предлогот даден до Европската Унија (ЕУ) во медиумите и не добила никакво известување за тоа, објави „Ле Монд“.

Валери Урбен додаде дека дознала за тоа додека го читала британскиот весник „Фајненшл тајмс“ кон крајот на септември, во кој се наведува дека германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил механизам за позајмување на 140 милијарди евра на Украина користејќи замрзнати руски средства, но без нивно конфискување.

Предлогот оттогаш е во центарот на интензивни дискусии, за кои шефовите на држави и влади на ЕУ треба да одлучат на следниот самит на Советот на 18 и 19 декември. Валери Урбен рече дека секој вид конфискација би бил спротивен на меѓународното право, особено на правото на суверенитет над државните средства.

ИЗДВОЕНИ