Лажниот поп кој пеел на гробиштата во Ѓорче Петров за Задушница е расчинет свештеник

2437

Лицето облечено во попска мантија, кое викендов, на верскиот праник Задушница на гробиштата во Ѓорче Петров, се претставувал како поп и нудел да врши погребни обреди за пари, всушност е расчинет свештеник уште пред неколку години, потврдија од Скопската епархија за весникот ВЕЧЕР.

Инаку, претходно на социјалните мрежи се пренесуваа реакции на граѓани кои коментираа дека во саботата, додека биле на гробиштата за Задушница, полицајци привеле едно лице за кое се вели дека бил лажен поп.

„На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б. П., кој извршувал верски активности“, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Лажен поп вршел погребни обреди на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

ИЗДВОЕНИ